Судиите решија да го дискфалификуваат од турнирот во Америка!

Објавил: Владо Марин | 7 септември, 2020 6:13

ЖЕСТОКА КАЗНА ЗА ЃОКОВИЌ: Освен дискфалификација има и дополнителна казна за Србинот!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Најдобриот светки тенисер, Новак Ѓоковиќ, се огласи по дисквалификацијата од УС Опен поради удар на линиски судија со топче. Србинот кажа дека жали за моментот и се извини и призна дека сето тоа го направил ненамерно.

Новак со топка го погоди линискиот судија и судиите решија да го дискфалификуваат од турнирот во Америка!

Неверојатна сцена, натпреварот во моментот беше прекинат, бидејќи Новак со топка го погоди линискиот судија. Резултатот во тој момент беше 6: 5 за Карења Буст, која имаше и брејк предност.

На Србинот ќе му бидат одземени и сите поени кои ги освои досега на овој Грен слем!

(ВИДЕО) Светскиот број еден рекет Новак Ѓоковиќ дисквалификуван од УС Опен поради ненамерен удар со топче кон судијата!

Новак Ѓоковиќ во емотивен пост на Фејсбук се извини за инцидентот во 4.коло од Ју Ес Опен, во кој ненамерно со топче погоди една од линиските судијки!

Оваа ситауција ме направи тажен и празен. Судијката е добро, не би сакал да кажам како се вика, битна е нејзината приватност. Многу ми е жал што ѝ нанесов таков стрес. Не беше намерно. А, за мене ова непријатно искуство, сакам да го претворам во важна животна лекција, за да можам и понатаму да растам како човек, но и како тенисер, напиша Ноле. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис