„Движењето БЕСА остро го осудува нападот врз нашиот советник, кој се бори и ги брани правата на охридските Албанци.

Објавил: Перо Милчин | 10 јуни, 2019 17:13

ЖЕСТОКА ТЕПАЧКА ВО ОХРИД: Советникот од ДУИ Нефи Усеини нападна колега од БЕСА!

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

За време на седницата на општинскиот совет на Охрид, Советник од ДУИ нападна колега од БЕСА!

Како што соопштуваат од партијата БЕСА, ова е многу срамно и екстремно ниско ниво. Имено советникот од БЕСА во општина Охрид, Џемал Мена, е физички нападнат од советникот Нефи Усеини на ДУИ“.

На митинзите на СДСМ во Охрид за претседателските избори, во првите редови беше советникот на ДУИ и познат шеф на охридското подземје Нефи Усеини. Нефи Усеини и градоначалникот на град Охрид, Константин Георгиевски.

Нефи Усеини е познат по многу инциденти во минатото, а во изминатите неколку месеци тој ја тресе охридската јавност со дивоградбите кои ги гради во центарот на Охрид, од кои едната е покрај 1000 годишниот чинар и поради тоа може да се случи најверојатно, Охрид да го изгуби статусот на град заштитен од УНЕСКО.

„Движењето БЕСА остро го осудува нападот врз нашиот советник, кој се бори и ги брани правата на охридските Албанци, а беше нападнат токму за време на седницата на општинскиот совет на Охрид”, изјавуваат од БЕСА.

“Случајот за кој станува збор е пријавен во полицијата и сите странски амбасади ќе бидат известени. Очекуваме дека ова ќе добие вистински епилог. Исто така, Движењето БЕСА ги повикува сите надлежни органи сериозно да го осудат нападот врз партискиот функционер и претставник на граѓаните на Охрид”, велат од БЕСА.

Движење Беса е политичка партија на Албанците во Македонија, основана на 22 ноември 2014 во Скопје. Претседател на партијата е Билал Касами, а генерален секретар е Африм Гаши.

На парламентарните избори во 2016 година „Беса“ освоила пет пратеници, со што станала втора најголема албанска партија во Собранието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...