-Овој “чесниот Албанец“ пак зборувал. Без срам, бидејќи токму тој со месеци го има блокирано проектот, напиша Османи како реакција.

Објавил: Весна Петровска | 17 декември, 2019 14:03

ЖЕСТОКО ПРЕСМЕТУВАЊЕ ВО ДОЦНИТЕ ЧАСОВИ: Османи го нарече Закири „чесниот Албанец“, а овој ВОЗВРАТИ со беден патриот кој го молеше Груевски

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Македонија и Србија потпишаа спогодба за отворање на заедничкиот Граничен премин Лојане- Миратовец, а по тој повод Мухамед Зекири од СДСМ на Фејсбук се огласи и напиша дека Граничниот премин Белановце-Станчич досега ќе бил отворен да не бил заменик премиерот задолжен за сликање Бујар Османи.

-Овој “чесниот Албанец“ пак зборувал. Без срам, бидејќи токму тој со месеци го има блокирано проектот, напиша Османи како реакција.

По ова, Зекири го прозва Османи на социјалните мрежи дека го молел „Груевски да го прими на работа на Клиника кога бил избркан од Министерството за здравство“.

О беден патриот, кој го молеше Груевски да му даде решение за работа во клиника, кога твојата партија те избрка од Министерството за здраство, мислиш дека народот пие нафта и не знае кој си и што си направил ти за Албанците. Дали ги помниш твоите ставови за Монструм? Дали забораваш дека си осомничен во случајот „Пациент“ на СЈО? Дали заборави што им има направено на Албанците твојата партија, кога беше на власт со ВМРО-ДПМЕ? Ако ти си заборавил, народот не ги заборава твоите дела и на вашата партија!!! Во 2016 година поминавте лошо, народот ви прати порака, од 20 на 10 пратеници завршивте. Сега во 2020 од 10 на колку ќе завршите?!!, напиша функционерот на СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести