Пејачката за време на снимањето на шоуто „Прес претрес“, каде и беа поставувани серија прашања даваше одговори. Интервјуто се одвиваше во станот каде престојуваше Лепа Брена.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 ноември, 2019 20:47

ЖЕШКА ШЛАКАНИЦА: Брена збесна и нападна новинар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата српска пејачка Лепа Брена до сега не сме ја виделе во вакво издание. Нервозна и лута реагираше бурно кога слушна новинарско прашање на кое очигледно не сакаше да одговори.

Фахрета Живојиновиќ (родена Јахиќ; изворно: Fahreta Jahić Živojinović или Фахрета Јахић Живојиновић) (Тузла, 20 октомври 1960 , Босна и Херцеговина) позната под името „Лепа Брена“ е југословенска фолк и поп пејачка, и естраден менаџер. Таа е сопруга на тенисерот Слободан Боба Живојиновиќ.

Пејачката за време на снимањето на шоуто „Прес претрес“, каде и беа поставувани серија прашања даваше одговори. Интервјуто се одвиваше во станот каде престојуваше Лепа Брена.

Таа ред по ред одговараше на сите прашања но едно прашање предизвика општ хаос и предизвика бурна реакција кај неа.

Новинарот и постави прашање за еден маж од младоста, а Брена се развика:  „Дали ти реков да не ме прашуваш за тоа?“  И му удри шлаканица.

Се разбира, ова е шега за која беше потребно многу време да се  наговори Лепа Брена.

На крајот на краиштата, таа се согласи и се обиде да ја направи сцената реална, па дали и успеа тоа погледнете сами.

Инаку почетокот на музичката кариера на Брена бил тежок. Поради финансиски причини, Брена го напуштила студирањето по една година и се вратила во Брчко, каде почнала да пее за хонорари во домот на култура „Васа Пелагиќ“. Во тоа време новосадската музичка група „Лира шоу“, на чело со Саша Поповиќ, распишале конкурс дека бараат пејачка,и се договориле со Брена да работат заедно. На 5 април 1980 година, и покрај противењето на татко ѝ, Брена заминала со воз во Бачка Паланка, каде имала договорен настап. а првиот настап со групата бил по еден месец, на 6 мај, во хотелот „Турист“. По две години, групата „Лира шоу“ во 1982 година добиле постојан ангажман во хотелот „Парк“ во Нови Сад. Есента 1981 година, групата била ангажирана во Белград, каде Брена снимила ЛП со десет нумери. Таа година, групата го сменила името во „Слатки грех“. Милован Илиќ Минимакс добил снимка од настап на Брена, и во својата емисија Претежно ведро го пуштил со духовити коментари, и ја нарекол лепа.

Во 1983 година, го снима својот втор албум, каде се појавиле песни што станале хитови. Се натпреварувала за југословенскиот избор за Евровизија, а брзо потоа Рака Ѓокиќ станал менаџер и извршен продуцент на групата. Следела првата голема турнеја низ Југославија, 17 концерти во Сава центар, снимање на филмови, како и освојување на „ОСкар на популарноста“. Во 1984 година учествувале на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Сараево, и оствариле серија на концерти низ Европа, САД, Канада и Австралија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.