Во Македонија да, немав пари, ама имав мирен живот. Имав слобода. Децата се други. Луѓето се сиромашни, ама насмеани.

Објавил: admin@magazin | 24 август, 2018 19:05

Животот во Канада, Куќа- дом-соба-кревет

Фото/Текст извор: ©скопје инфо

Пред нешто помалку од една деценија побегнавме од Балкан, како и многу други во потрага по подобар живот. Иако сопругот ме убедуваше дека таму не е баш место за мене, цврсто бев убедена дека сакам да одам таму. Кога кажувам дека од Канада сакам да се вратам во Македонија, луѓето ме гледаат чудно и не ми веруваат.

На  своето прво летање преку океанот воопшто и не се сеќавам, бидејќи испив секаква можна таблета за спиење, за летот да помине што побрзо. Се сеќавам само на турбулентното слетување и слики од канадски прерии, од кои се ми се превртуваше во желудникот, дури и од птичја перспектива.
Сфатив дека веќе се наоѓам многу километри далеку од сите. Од својот живот, кој го градев 27 години.

Прво што приметив на улиците е дека се константно празни. Нема луѓе, но има автомобили…
Опсесијата со храна е болест. Тоа најубаво се гледа во Канада. Од мали нозе децата ги учат да бидат индивидуалци, па кога ќе дојдат до одредени години, не им останува ништо друго, туку само да јадат. Најевтина забава… Дружењето е многу површно. Ретко до сега сме забележале деца како си играат некаде. Ќе видиш мајки со деца во парк, но секое на своја страна. Никој со никого не зборува, не се држи…
Постепено сфаќав дека канаѓаните немаат вистински пријатели. Тие се интерни ѕверови, живеат од денеска за утре, чекајќи еден ден да умрат.

Куќа- дом-соба-кревет, додека се мали, а куќа-работа-телевизор-кревет, во повозрасни години.
Патувањата се прескапи, и малку од нив можат тоа да си го дозволат. Но, затоа гардеробата “made in China” им е секогаш достапна.

Улиците во Монтреал, убави за очи но празни за срце, што всушност и го опишува младата Скопјанка во Канада

Но, никогаш од нив нема да слушнеш како први ќе се пожалат од својата држава. Но, кога јас ќе почнам да зборувам за висината на порезот и трошоците за живот, тие сите се незадоволни. Се копаат во долгови и не можат да мрднат никаде од својата хипотека и празните кредитни картички.

Да, и тука има мајки кои немаат доволно пари за да платат забар за своите деца. А јасно е и зошто. За чистење на кариес на четири заби, на четиригодишно дете, дадовме 3.200 долари… Станард е само голема куќа и автомобил и тоа на кредит. За се друго, се, со празни џебови.

За да отидеш на лекар, мораш да чекаш со месеци… За ставање пломба на заб на возрасен човек чини околу 700 долари, за имплант помеѓу 5 и 15.000 долари.
Просечна годишна плата во Канада е околу 50.000 долари. Порез за куќа е околу 4.000 долари годишно.
Кока кола снима реклама за среќни семејства за Божиќ, а тогаш званично се случуваат најмногу самоубиста во Канада.

Секојдневие во Канада и другите европски градови. Музичари кои никој не ги забележува

Мултикултурноста им е голем проблем. Не се поднесува никој со никого. Сите сме ние таму, а суштински живееме во својата матична земја.
Има многу несреќни луѓе.

Надвор минус 40 степени. А снег колку сакаш. И копање и чистење секое утро, една иста приказна.
Рестораните без луѓе, а и улиците пусти. Во главниот град на Канада, каде и живеам, летна програма на некој измислен плоштад, веќе седма година по ред ја потполнува еден ист акробат…

Слобода како во Македонија? Ни на сон… Да можеш гласно да се изнасмееш и на среде улица?

Не ни помислувај. Да седнеш барем еднаш во неделата во ресторан на ручек? Па после ќе бидеш просјак до наредната плата… Ај моја Македонијо. Едвај побегнав од тебе. Сакав нешто ново, поубаво… Сакав опуштен живот…

Во Македонија да, немав пари, ама имав мирен живот. Имав слобода. Децата се други. Луѓето се сиромашни, ама насмеани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...