Така на пример во вакви ситуации за многу краток период во овие здравствени институции се вклучува агрегат но тоа не било случај синоќа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 декември, 2019 10:27

Животот на бебињата во инкубатор во опасност- на ГАК снемало струја, агрегатот не се вклучил

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голем дефелт на трафостаницата во Козле ја остави синоќа клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје без струја.

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство врши најсложени видови на здравствена заштита, изградува и спроведува стручно медицински и доктринарни критериуми во својата област и укажува стручна медицинска помош на здравствените установи од гинеколошко акушерската област.

Дефектот остави голем дел од центарот на Скопје без струја, но во овие монменти најважно е дека животот на одредени пациенти зависи токму од апаратите приклучени на струја. Така на пример во вакви ситуации за многу краток период во овие здравствени институции се вклучува агрегат но тоа не било случај синоќа. Кога снемало струја на Клиниката за гинкологија и акушерство агрегатот не се вклучил и целиот оддел останал без струја, дознава Алфа од извори на клиниката.

Според истите извори, во моментот се случувале и оперативни зафати.

– Она што е недозволиво е да не се вклучи агрегатот. Сето време додека во околина немаше струја во станбените згради, куќи ист беше случајот и на Клиниката. Тоа е несфатливо, некој мора да одговара, вели изворот за телевизија Алфа.

Но, не станувало збор само за операции кои биле во тек, туку и на бебиња во инкубатор.

-Сето тоа време беа загрозени животите на бебињата во инкубатор и оние кои се респиратор, додава изворот.

Големиот дефект на трафостаницата Козле го остави без струја центарот на Скопје. Струја немаше од Водно до Илинденска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести