Познавачите велат дека доколку обвинителката Јанева живее под кирија, има обврска да го поднесе договорот за закуп во обвинителството.

Објавил: Перо Милчин | 26 август, 2019 18:25

ЖИВОТ НА ВИСОКА НОГА: За изнајмената куќа во Скопје за Јанева СЈО плаќало месечно по 400 евра!

Фото/Текст извор: ©канал 5

Четиристотини евра месечно Специјалното јавно обвинителство, односно граѓаните на Македонија, одвојувале за киријата на специјалната јавна обвинителка која е во притвор Катица Јанева за луксузната куќата во Козле.

Јавноста дозна за нејзиното живеалиште во Скопје пред повеќе од еден месец откако на Јанева и беше одземен нејзиниот мобилен телефон, а пред една недела беше приведена за случајот „Рекет“од каде се изнесуваше мебелот кој таа го примила како награда.

Од СЈО за Канал 5 велат дека според правилникот за работа, секој обвинител има право на 300 евра кирија и 100 евра трошоци за комуналии.Доколку киријата на обвинителот е поголема, тогаш сумата си ја доплаќа сам.

Секој обвинител има право на 300 евра кирија и 100 евра трошоци за комуналии. Доколку киријата на обвинителот е поголема, тогаш сумата си ја доплаќа сам.

Познавачите велат дека доколку обвинителката Јанева живее под кирија, има обврска да го поднесе договорот за закуп во обвинителството.
Од Антикорупциска велат дека функционерите имаат обврска при стапувањето на функција и поднесувањето на анкетниот лист да ја наведат адресата на живеење, меѓутоа доколку во меѓувреме ја сменат немаат обврска таа промена да ја пријават.

Ова, според нив, е дупка во законот.
Четири години по стапувањето на функцијата, Јанева нема направено никакви суштински промени во нејзиниот анкетен лист. Од недвижен имот поседува куќа во Гевгелија и два стана во Скопје кои се на име на нејзините деца.

Но,и покрај двата стана, Јанева одлучила да живеела под кирија, во луксузна куќа во нас. Козле во Скопје. Останува нејасно од кога Јанева престојува во Козле.
Во јавноста останаа дилемата- зарем е можно Катица Јанева да „падне“ само поради мебел од 5000 евра или, пак , станува збор за далеку посериозна лична корист која таа евентуално ја остварила на незаконски начин.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести