Душко Чифлиганец кој на Инстаграм се нарекува “Love gury” (љубовен водач) прикажува скапа амбалажа на вино со име “Чифлиганец” на која е напишано и името “Белведере”.

Објавил: admin@magazin | 27 декември, 2019 21:21

ЖИВОТ НА ВИСОКА НОГА: “ЗЕТОТ” на Вице Заев, Душко Чифлиганец, се пофали со скапо брендирано вино

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Момчето на ќерката на братот на премиерот Заев, Вице Заев, и син на тајкунот Ванчо Чифлиганец на социјалните мрежи се пофали со луксузна флаша вино, кој е брендиран со неговото и презимето на неговиот татко.

Душко Чифлиганец кој на Инстаграм се нарекува “Love gury” прикажува скапа амбалажа на вино со име “Чифлиганец” на која е напишано и името “Белведере”.

Убавата Ева Заева, ќерка на братот на премиерот Зоран Заев и синот на бизнисменот Ванчо Чифлиганец, Душко, се повеќе години во врска.

Убавата Ева Заева, ќерка на братот на премиерот Зоран Заев и синот на бизнисменот Ванчо Чифлиганец, Душко, се повеќе години во врска.

Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг, минатата година беше избран за „Млад менаџер на годината 2018“, во друштво на 10 најуспешни мажи на годината, наградени во различни категории на првиот официјален избор „Мажи на годината во Македонија“.

Жири комисијата, која беше составена од реномирани членови од потврдени институции, бизнис секторот, новинари, режисери, стилисти и други дејности, на Чифлиганец му ја додели наградата за најуспешен менаџер на годината до 30 години, поради неговите квалитети и професионалност, базирани на образованието стекнато на една од најелитните Бизнис школи на Блискиот Исток, Американскиот универзитет во Дубаи, каде Душко успешно води приватен бизнис со здрава органска храна како косопственик на брзорастечката наградувана компанија Midway Middle East.

Тој е заменик генерален директор и главен двигател на иновативноста во Адора инженеринг, градежна компанија лидер и предводник во високата градба во Македонија 16 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести