-Горно маало Волково кога ќе се заврши со канализација? Каде е проширувањето на улицата, каде се тротоарите, каде се градинките, ништо немаме. Горно маало немаме ништо и воопшто не сме задоволни со ништо. Сите кажувате, кога и да дојдете само кажувате, а немате ништо исполнето Од сред село на кај Кучково патот што, е поминете господине да видите по какви улици одиме ние, каде ни учат децата, по какви калови одат децата, подвикнала една од присутните жени.

Објавил: Весна Петровска | 5 декември, 2019 19:51

Жителка на Ѓорче Петров го направи „ПАРТАЛ“ Заев – премиерот ОВА не го очекуваше!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Со бројни изливи на незадоволство на граѓаните од населбата Горно маало во селото Волково во општина Ѓорче Петров заради нереализираните комунални проекти се соочија денеска премиерот Зоран Заев и општинскиот градоначалник Александар Наумоски. Граѓаните се крајно незадоволни заради тоа што не е направена ветенета канализација, улица, тротоари… Тие своето незадоволство го искажале во моментот кога Заев и Наумоски се подготувале да одговараат на новинарските прашања по увидот во градежните активности на спортската сала при ООУ „Јоаким Крчовски’’ во Волково.

 

-Горно маало Волково кога ќе се заврши со канализација? Каде е проширувањето на улицата, каде се тротоарите, каде се градинките, ништо немаме. Горно маало немаме ништо и воопшто не сме задоволни со ништо. Сите кажувате, кога и да дојдете само кажувате, а немате ништо исполнето Од сред село на кај Кучково патот што, е поминете господине да видите по какви улици одиме ние, каде ни учат децата, по какви калови одат децата, подвикнала една од присутните жени.

Кога премиерот сакал да земе збор, друга жена, почнала да реди проблеми…

-Децата нас ни одат по кал, немаме улица, мајките ги шетаат бебињата со колички по кал. Ништо не е решено, само кал и ништо друго, три години чекаме, посочила таа.

Премерот им забележал на граѓаните дека е очигледно дека нивниот вербален напад е добро изрежиран и исцениран.

-Денеска сме дојдени за убава работа. Ваква исценирана претстава…. Само ќе ве упатам кај жената да прашате дали нејзината улица е асфалтирана. Асфалтирана е, истакнал Заев.

Новинарот Фуркан Салиу ја однесе жената во автомобил за да му покаже каде живее, и го однесе на улица што не е асфалтирана и нема никаква канализација, и докажа дека премиерот Заев лаже.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.