Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04.2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“.

Објавил: Владо Марин | 4 мај, 2020 21:02

Нокаут вечерва дел од „Култура во време на корона“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

За вечерва се закажани две нови изведби од програмата „Култура во време на корона“. Во 19 часот, во паркот во Капиштец, ќе одржи едночасовен концерт на сурф-рок бендот Д Планктонс, а во 20:30 часот, на истата локација, настап ќе имаат Нокаут.

Денеска онлајн ќе има свој настап и диџејот РОБОТЕК.

Нивните настапи ќе бидат стримувани на:

– фејсбук страницата на Град Скопје и на нивните фб страници!

За потсетување, Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04.2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“.

Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом!

Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:

  • Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; 

Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца во времетраење до 2 часа.

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Во 1871 година го објавил препевот на „Илијадата“, но бил жестоко искритикуван, од бугарската критика бидејќи пишувал на општословенски, а не на бугарски литературен јазик (кој не го знаел добро).

ЗА ЖИВОТОТ НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ – „СЕРДАРОТ“

Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз...

Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес!

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес! Градоначалничката...