Не станува збор за чудно време , туку за тестирање на последната иновација на организаторот на Олимписките игри.

Објавил: admin@magazin | 15 септември, 2019 11:15

ЗАВРНА ПРВИОТ СНЕГ ВО ТОКИО НА 25 СТЕПЕНИ(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Не станува збор за чудно време, туку за тестирање на последната иновација на организаторот на Олимписките игри што следната година ќе се одржат во Токио.

Со оглед на фактот што организаторите очекуваат температурата за време на одржувањето на игрите да изнесува над 30 степени ,тие испробуваат секакви методи за разладување на публиката.

Околу 300 килограми вештачки снег беа расфрлани низ трибините на Си Форест Вотервеј (Sea Forest Waterway). Целта беше да се види дали тоа може да ја ублажи топлината и да ја намали влажноста на воздухот.

Во Токио во јули типично температурата изнесува 35 и 80 проценти влажност, што предизвика загриженост дека гледачите ќе настрадаат од топлотен удар. Си Форест Вотервеј (Sea Forest Waterway) ќе биде место за натпревар на олимписките и параолимписките веслачи и кајакари. Половина од 2.000 места на трибините не се покриени затоа што плановите за целосно покривање беа намалени за да се намалат трошоците.

Вчера членовите на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио седеа на трибините за време на петминутниот тест на машината за снег додека траеше натпреварот во кану. Сепак, резултатите не беа охрабрувачки.

Температурата пред снегот била 25,1 степени, исто како и после експериментот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.