Првпат по формирањето на новата влада на СДСМ и ДУИ, Заев и Мицкоски седнаа на иста маса, овој пат без придружници од нивните табори.

Објавил: admin@magazin | 29 март, 2021 16:07

Заврши лидерската средба, договорено одложување на пописот( во живо)

Фото/Текст извор: ©360

Повеќе од два часа, со една пауза, трае средбата очи в очи меѓу водачите на двете најголеми партии во земјава, премиерот Зоран Заев(СДСМ) и Христијан Мицкоски (ВМРО-ДПМНЕ), во Клубот на пратеници во Скопје.

Првпат по формирањето на новата влада на СДСМ и ДУИ, Заев и Мицкоски седнаа на иста маса, овој пат без придружници од нивните табори.

Заев влезе на средбата со најава за можен договор за пролонгирање на пописот, чија теренска фаза треба да почне в четврток, без да посочи можни нови термини. ВМРО-ДПМНЕ, пак, деновиве побара пописот да се одложи најрано до септември.

На лидерската средба е договорено да се одложи пописот, наместо во април ќе се одржи во септември, изјави Мицкоски!

„Имав дијалог со премиерот Заев и постигнавме договор за одложување на пописот за септември, во периодот меѓу 5-ти и 30-ти септември. Исто така имавме дијалог и за пролонгирање на локалните избори, за втората половина на октомври“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба со премиерот во Клубот на пратеници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести