Адвокатот Еленко Миланов тврди дека обвинителството не успеало да докаже дека Јанакиески и Ристовски ги координирале општинските и месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ па затоа морала да направи измени!

Објавил: Владо Марин | 1 јули, 2021 18:28

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА „ОРГАНИЗАТОРИ НА 27 АПРИЛ“

Фото/Текст извор: ©24 вести

За обвинителството мала измена за одбраната суштинска разлика е денешната одлука на обвинителката Вилма Русковска да го измени обвинението за обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во судскиот случај „Организатори на 27 април“.

За Русковска нема дилема дека обвинетите се организатори на упадот во Собранието и дека сѐ се знаело и сѐ било однапред испланирано, само не се знаел датумот. Според обвинението, Јанакиески и Ристовски, додека траел упадот, од штабот на ВМРО-ДПМНЕ им давале насоки на пратениците што и кога да прават.

Сепак, обвинителката изјави дека нема конкретни докази дека двајцата обвинети ги организирале и ги координирале месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинителството нема ниту докази дека поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска освен што организирала јавни личности за учество на протестите на друг начин не придонела за упадот во Собранието.

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, Русковска рече дека на 27 април 2017 година, тој го информирал екс премиерот Никола Груевски, исто така обвинет во овој случај, дека тогашниот пратеник Зоран Заев најавил дека ќе се избере претседател на Собранието, дека преку ред му дал збор на пратеникот Зекирија Ибраими, кој ја пееше албанската химна за што не ѝ дал знак на режијата да му го исклучи микрофонот.

А за поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски меѓу другото, рече дека ги координирал протестите и упадот и ги штител дел од веќе осудените извршители на упадот во Собранието.

На ваквиот тек на денешното рочиште остро реагираше одбраната.

Адвокатот Еленко Миланов тврди дека обвинителството не успеало да докаже дека Јанакиески и Ристовски ги координирале општинските и месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ па затоа морала да направи измени.

На барање на одбраната, судијата Илија Трпков го одлижи продолжението на денешното рочиште и следните ги закажа за 6 и 12 јули кога одбраната ќе ги изнесе своите завршни зборови.

Обвинетите се товарат дека употребувајќи насислство направиле се’ да не биде избран претседателот на Собранието и да има мирно предавање на власта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести