сабота, 20 април 2024

MK/ EN/ DE



На полноќ започнува молкот во цела Македонија за претседателските но  и предвремените локални избори во општините Охрид, Дебар и Ново Село и почнува изборниот молк.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 април, 2019 11:17

Завршува кампањата на претседателските кандидати, од полноќ започнува предизборен молк

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска на полноќ завршува кампања за шестите претседателски избори по ред кои ќе се одржат во недела на 21.04 2019 година.

На полноќ започнува молкот во цела Македонија за претседателските но  и предвремените локални избори во општините Охрид, Дебар и Ново Село и почнува изборниот молк.

Денеска Силјановска и Пендаровски ќе ги имаат своите завршни митинзи.  Стево Пендаровски кампањата ја завршува  во западниот дел од државата, односно ќе одржи митинзи во Струга и Охрид, а во текот на денот ќе има средби со граѓани во Дебарца, Вевчани и Лабуништа, додека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ќе биде во источниот дел од државата, поточно ќе има вечерен митинг во Штип, а претходно ќе одржи митинг и во Пробиштип.

Блерим Река од Алијансата на Албанците ќе биде прв на гласачкото ливче на претстојните претседателски избори, со реден број „два“ ќе биде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, додека бројот „три“ ќе го добие Стево Пендаровски од СДСМ.

За разлика од нив Блерим Река, кандидатот поддржан од Алијанса за Албанците и „Беса“, вчера со митинг во Тетово ја заокружи изборната кампања.

Утре, на ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде ја издржуваат мерката.

Гласањето и утре и задутре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.

Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје и на 32 во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓани. Доколку на гласањето во недела не се постигне цензус, во тој случај е закажан вториот круг од изборите две недели подоцна, на 5 мај.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.