На полноќ истекува рокот за пријавување на Македонската дијаспора за гласање на претстојниот референдум за промена на името

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 август, 2018 9:06

Завршува јавниот увид и пријавувањето на иселениците за референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јавниот увид во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците за гласањето на референдумот на 30-ти септември завршува вечер на полноќ.

До вчера напладне беа пријавени вкупно 2.060 пријави граѓани за гласање во Дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.  Како што соопшти ДИК од пријавите 2.019 се прифатени 38 се одбиени а останатите пријави се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Љубљана – 172 во Лондон – 114 во Торонто – 111 во Канбера 88 итн.​

Најмал број пријави поднесени се за гласање во Киев и Приштина – по една пријава и Њу Делхи – Каиро и Доха – по две пријави. Онаму каде што ќе има помалку од десет пријавени нема да се спроведе гласање. Иселениците кои се пријавиле за гласање на референдумот во ДКП-та нема да можат да се изјаснат во Македонија доколку допатуваат во земјата. Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември.

Јавен увид во Избирачкиот список заклучно со вторник 21-ви август извршиле вкупно 4.466 граѓани  кои направиле увид во податоците во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 428 следат Струмица – 420 Карпош – 375  Радовиш – 240 и во Охрид – 235.

До полноќ можат да се поднесуваат барања за запишување промена или бришење на податоци во Избирачкиот список и да се доставуваат пријави од иселениците за изјаснување на референдумот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.