Сензорите кои ги мерат штетните честички отидоа во виолетово, боја која означува највисоко ниво на загаденост на воздухот.

Објавил: Перо Милчин | 26 декември, 2021 17:07

Загаденоста на воздухот урива рекорди

Фото/Текст извор: ©сител

Скопје повторно под отровен чад. Главниот град денеска ја потврди негативната репутација како еден од најзагадените во светот.

Сензорите кои ги мерат штетните честички отидоа во виолетово, боја која означува највисоко ниво на загаденост на воздухот.

Во зависност од мерните инструменти во различни делови од градот, Пи- Ем честичките беа присутни од три до шест пати повеќе од дозволеното. Тоа допринесе изутрината Скопје да се најде на четврто место во светот на листата на најзагадени градови.

Во оваа борба влегуваме со сет почетни мерки, вели градоначалниката на Скопје.

Петре Шилегов, претходникот на Арсовска, по четири години на градоначалничкото столче и можностите да влијае на мерките, денеска преку Фејсбук се пожали на загадениот воздух во главниот град.

Тој објави резултат на една од мерните станици со коментар „Go green“.

До загадувањето доаѓа и поради неповолната географија на Скопје, но и поради нашите навики, сметаат еколозите.

Креаторот на апликацијата “Мој Воздух” смета дека во последните години се преземени минимални чекори во борбата со аерозагадувањето.

Иако годинава работат стабилно, Јовановски смета дека 19 државни мерни станици се премалку на ниво на цела држава, а нареден чекор треба да биде нивно зголемување. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.