Директорот на Цивилната заштита на Хрватска и министерот за здравство го посетија местото на кое утрото, на автопатот Белград-Загреб, се случи тешката сообраќајна несреќа, откако автобус со косовски регистерски таблички, од непознати причини, слетал од коловозот.

Објавил: Владо Марин | 25 јули, 2021 13:38

Загинаа девет патници и еден од возачите, девојче меѓу тешко повредените

Фото/Текст извор: ©360

Директорот на Цивилната заштита на Хрватска и министерот за здравство го посетија местото на кое утрото, на автопатот Белград-Загреб, се случи тешката сообраќајна несреќа, откако автобус со косовски регистерски таблички, од непознати причини, слетал од коловозот.

„Во автобусот имало 67 патници и двајца возачи. За жал, деветмина патници и еден од возачите загинаа. 44 патници се примени во Општата болница во Славонски Брод каде им се пружа лекарска нега. Од нив, осуммина се потешко повредени, четири лица се веќе оперирани а на останатите и натаму им се прават потребните орегледи. 14 патници и еден од возачите се овде во полициската станица и чекаат сместување во објект кој што треба да им го осигураме“, рече директорот на Цивилната заштита на Хрватска, Дамир Трут.

Министерот за здравство, Вили Берош, појасни дека во автобусот имало 15 малолетни лица. Едно од нив, станува збор за девојка, е меѓу потешко повредените.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...