Неговата сестра потврди дека тој се наоѓал во срушениот авион. Српскиот државјанин бил вработен во Светската програма за храна при Обединетите нации.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 март, 2019 16:49

Загинатиот србин во несреќата бил голем хуманитарец- правел храна за преживување во хуманитарни катастрофи

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Загинатиот српски државјанин во авионската несреќа, Ѓорѓе бил задолжен за формирањето на првата фабрика на високо енергетски колачи во Авганистан, кој беа наменети за преживување на хуманитарни катастрофи во таа земја и околниот регион.

Српскиот државјанин Ѓорѓе Видовиќ е еден од 157 загинатите луѓе во авионот на компанијата”Etiopijen erlajns”, кој денеска се сруши непосредно по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба.

Неговата сестра потврди дека тој се наоѓал во срушениот авион. Српскиот државјанин бил вработен во Светската програма за храна при Обединетите нации.

Фејсбук профилот на загинатиот српски државјанин Ѓорѓе Вдовиќ.

Ѓорѓе покрај српскиот пасош во себе имал и службена патна исправа на УН.

Како што стои на неговиот Фејсбук профил, многу пријатели го прашувале кога тој ќе се врати во Србија, но Ѓорѓе многу ја сакал неговата работа и цело време бил на патувања. Имено, Ѓорѓе започнал да работи во оваа компанија пред 23 години или точно 1992 година.

Многу негови работи вклучуваат решавање на кризните ситуации во земјите на Блискиот исток, пример Авганистан и Либерија. Неговиот последни проект бил обезбедување на хранливи бисквити во една фабрика во Авганистан.

Да потсетиме Авион на „Etiopijan erlajns„ се сруши со 157 патници и членови на екипажот, само 6 минути од кога полетал.

Авионот го загубил контактот набрзо по полетувањето во 08:38 часот. Етиопијан ерлајнс е авио компанија со седиште во Адис Абеба во Етиопија.

Меѓу патниците биле 32 лица од Кенија, 9 од Европа, 8 од Италија, Кина, САД, 7 лица од Велика Британија и Франција,6 од Египет, 4 од Индија и Словачка, 3 од Австрија, Шведска и Русија и по 2 државјани од Мароко, Полска, и Израел.

На летот биле по еден државјанин од Белгија, Индонезија, Сомалија, Норвешка,Србија, Судан, Јемен, и Тога. Четворица патници имале пасоши од УН и нивните државјанства не можат да бидат уште потврдени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...