Според првичните, инаку неофицијални информации, несреќниот момент се случил во скопската населба Кисела Вода, поточно кај сервисот „Скендеровски“. Со непрописна брзина на движење, и дождливиот коловоз, легендарниот Буштур изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонските блокови поставени покрај булеварот.

Објавил: Весна Петровска | 30 јануари, 2020 3:08

ЗАГИНА КОШАРКАРСКАТА ЛЕГЕНДА БЛАГОЈА-БУШТУР – страшна сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила вечерва загина македонската кошаркарска величина, Благоја Георгиевски, објави КФСМ.

Според првичните, инаку неофицијални информации, несреќниот момент се случил во скопската населба Кисела Вода, поточно кај сервисот „Скендеровски“. Со непрописна брзина на движење, и дождливиот коловоз, легендарниот Буштур изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонските блокови поставени покрај булеварот.

Великанот на македонската кошарка починал на лице место. Местото на несреќата е блокирано поради полицискиот увид и причините за големата несреќа.

Благоја Георгиевски е роден на 15. октомври во Скопје. Најголем дел од својата играчка кариера ја помина во Работнички, клуб со кој се натпреваруваше во Првата југословенска кошаркарска лија. Во сезоната 1975/76 популарниот Буштур, заедно со Работнички, стигна и до полуфиналето на Купот на победниците на Куповите.

Георгиевски беше и член на младинската репрезентација на Југославија. А со таа селекција, предводена од Лазар Лечиќ, Буштур ја освои Балканијадата во Ријека одржана во 1970 година. За време на младинското Европско првенство во Атина, нашиот кошаркарски великан го освои четвртото место.

Во 1971 година, беше дел од југословенската сениорска репрезентација која настапи на ЕП во Западна Германија, каде се закити со сребреното одличје.

Георгиевски беше учесник и на Летните Олимписки Игри во 1976 година кои се одржаа во Монтреал. Како составен дел на популарните „сини“, Буштур стигна до олимпиското сребро, што е најголемиот резултат на еден македонски кошаркар во историјата на овој спорт.

По осамостојувањето, Георгиевски работеше и како тренер. Беше и селектор на макеоднската сениорска репрезентација

Беше член на Управниот Одбор и на Собранието на Македонскиот Олимписки комитет, претседател на Олимпискиот Совет при МОК, а беше и потпретседател на највисоката спортска институција во нашата земја.

Член е на Клубот на Великаните на Македонскиот Олимписки комитет од 1997 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...