Инцидентот, според информации од Пиринеите, се случил претпладнево на пат што од неговиот роден град Утрера до главниот град на шпанската покраина Андалузија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 јуни, 2019 14:46

ЗАГИНА СЛАВНИОТ ШПАНСКИ ФУДБАЛЕР, ХОЗЕ АНТОНИО РЕЈЕС(35)

Фото/Текст извор: ©онлине мегазин

Поранешниот фудбалер на репрезентацијата на Шпанија и на Реал Мадрид, Хозе Антонио Рејес (35) загина во сообраќајна несреќа во Севилја.

Според информации од Пиринеите, инцидентот се случил претпладнево на пат, од неговиот роден град Утрера до главниот град на шпанската покраина Андалузија.
Хозе Антонио Рејес ја почна својата фудбалската кариера во Севилја за која како најмлад дебитант заигра на 16-годишна возраст.

По изиграни пет сезони во својот матичен клуб, Хозе направи трансфер во Арсенал за 30 милиони евра и беше дел од „непобедливата“ генерација на „топчиите“ која под водство на Арсен Венгер ја освои титулата во Премиер лигата без загубен натпревар.

Негови наредни фудбалски дебитирања, по лондонскиот клуб беа Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Бенфика пред кам-бекот на стадионот „Рамон Санчез Пискуан“.

Во тимот од Андалузија мина нови четири сезони по што заигра и за Еспањол, за Кордоба, за Шинџијанг во Кина и за Екстрамадура.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Шест години беше дел од Кометал Ѓорче Петров, а во 2013 година се врати во Македонија, во редовите на ЖРК Вардар, каде и ја заврши кариерата во 2015 година.

ПОЧИНА ПОРАНЕШНАТА МАКЕДОНСКА РЕПРЕЗЕНТАТИВКА ЈУЛИЈА ПАРТЕНКО

Нова трагедија за македонскиот спорт и ракометното семејство – синоќа ненадејно...

Диего Армандо Марадона, аргентинската фудбалска легенда и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина денеска на 60 годишна возраст во Буенос Аирес!

ФУДБАЛОТ ВО ТАГА: Почина фудбалската легенда Диего Армандо Марадона

Диего Армандо Марадона, аргентинската фудбалска легенда и еден од најдобрите фудбалери...