Ќе наведам некои затоа што го ценам вашето доаѓање. На страницата има и привремена суспензија на буџетот на која се вели каде ќе заштедиме.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 април, 2020 17:31

ЗАГРЕБ ВО ФИНАНСИСКИ ХАОС: Се сомневам дека ќе можеме да исплатиме цела плата во мај!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, на редовна прес-конференција предупреди дека хрватскиот главен град е во многу тешка финансиска состојба поради пандемијата на коронавирус.

“Што се однесува до мерките, ги имате на страниците. Ќе наведам некои затоа што го ценам вашето доаѓање. На страницата има и привремена суспензија на буџетот на која се вели каде ќе заштедиме.

Почнавме да плаќаме на најранливите, без камата. По забраната на работа на нашите трговци, им простивме на исплатата на киријата“, рече Бандиќ.

Тој напомена дека роторот, жичарницата, болницата „Ден на Светиот дух“ и споменикот на татковината и понатаму ќе продолжат со градењето, затоа што, како што рече, овие проекти ќе чинат повеќе доколку се запре целата работа.

Целата плата ја исплативме вчера веќе третиот месец. Дали ќе имаме да испалтиме целата плата во петтиот месец, се сомневам. Преговорите со социјалните партнери започнуваат во средината на неделата, рече Бандиќ.

Од вчера до денес бројот на заболени од Ковид 19 низ светот се зголеми за 100.000 лица. Денешната статистика покажа дека станува збор за вкупно над 1,7 милиони луѓе. 100.000 лица починаа, а близу 400.000 се излекувале од корона.

Во САД досега починаа над 18.000, во Шпанија околу 16.000, а во Франција над 13.000. За најавите на некои земји меѓу кои Италија, Словенија и Австрија, дека по велигденските празници ќе ги олабават карантинските мерки, Светската здравствена организација предупреди дека е прерано.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.