Ова беше еден катастрофален земјотрес, но сме задоволни и со 50 жртви, затоа што во други случаи бројот на жртви бил поголем и од илјада, рече Сако.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 декември, 2019 15:30

“Задоволни сме со 50 мртви”: Си поднесе оставка градоначалничката на Драч по скандалозната изјава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Валбона Сако, градоначалничката на Драч, по синоќешниот скандал кој се случи на албанската телевизија Топ ченел каде во интервју во живо истакна дека тие се задоволни со 50 загинати од земјотресот кој ја погоди Албанија во вторникот.

Ова беше еден катастрофален земјотрес, но сме задоволни и со 50 жртви, затоа што во други случаи бројот на жртви бил поголем и од илјада, рече Сако.

Валбона Сако, градоначалничката на Драч, посиноќешниотскандал кој сеслучи наалбанската телевизија Топ ченел каде во интервју во живо истакна дека тие се задоволни со 50 загинати од земјотресот кој ја погоди Албанија во вторникот.

Валбона Сако на својот профил на Фејсбук истакна дека по негативните коментари кои ги добила вчера за нејзината ненамерна грешка и изјавата што ја дала реши да си поднесе оставка.

Сега веќе поранешната градоначалничка во својата објава им се заблагодарува на сите за довербата што и ја дале и бара разбирање од сите. Таа истакна дека со ваквата скандалозна изјава не сакала да повреди никого и дека тоа е резултат на нејзината премореност.

Повредена од огромната негативна реакција на изјавата што ја дадов, под стрес и премореност кои ја надминува мојата моќ, јас поднесувам оставка како градоначалник на Драч. Им благодарам од срце на сите што веруваа во мене и се надевам дека ќе ме разберат, напиша на Фејсбук.

Во вторникот Албанија беше погодена од силен земјотрес со 6,4 степени по Рихтер аживотот го загубија  51 лице а околу две илјади се повредени.

Инаку вчера Албанија повторно ја погоди силен земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.