На 10 мај на улица во Куманово, беше приведена Моника Ристеска, по што е извршен претрес во нејзиното престојувалиште во Куманово и се пронајдени 14, 46 грама канабис.

Објавил: Перо Милчин | 18 јули, 2019 18:53

ЗАД РЕШЕТКИ: Моника Ристеска за 15 грама канабис осудена на една година затвор!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Моника Ристеска е осудена на една година затвор, за „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Моника Ристеска, на 10 мај на улица во Куманово, беше приведена и при извршен претрес во нејзиното престојувалиште во Куманово, беа пронајдени 14, 46 грама канабис.

Согласно член 47 од Кривичниот законик на обвинетата Ристеска во изречената казна затвор и се засметува и времето поминато во притвор сметано од 11. 05. 2019 година до започнување со издржување на изречената казна затвор. 

Моника Ристеска е осудена на една година затвор, за „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Активистката за легализација на марихуаната, Моника Ристеска, минатата година доби обвинение за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а истовремено со обвинението, од Основното јавно обвинителство побараа и продолжување на нејзиниот притвор.

Како што наведуваа од Обвинителството, Моника во текот на 2017 и 2018 година, во повеќе наврати неовластено држела, преработувала и продавала наркотична дрога марихуана и хашиш смола.

На 29.09.2017 година во село Ракотинци, Скопје, при извршен претрес од страна на овластени службени лица на СВР Скопје, кај осомничената се пронајдени и одземени: една полиетиленска кесичка со нето 27.46 грама марихуана, два шприца со наркотична дрога хашиш смола со вкупен волумен од 9мм, три шприца со остатоци од наркотична дрога хашиш смола, една дигитална вага со остатоци од марихуана, две шишиња со вкупен волумен од 2060 мл и една пластична туба со етил алкохол органски растворувач, наменети за преработка на наркотична дрога, се вели во соопштението од Обвинителството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести