Според информациите кои ги сподели Џиралди,  иранскиот оператор на ракетниот систем доживеал екстремни „пречки“, а транспондерот на украинскиот авион на летот 752 бил исклучен неколку минути пред да бидат истрелани две руски ракети „тор“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јануари, 2020 20:35

Зад уривањето на авионот во Техеран стои САД- поранешен експерт на ЦИА со шокантно тврдење

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешен експерт на ЦИА, Филип Џиралди изнесе свое гледиште за уривањето на украинскиот авион во Техеран во кој загинаа 170 патници и вели дека  САД извршиле неколку сајбер-напади, еден врз иранскиот ракетен одбранбен систем и друг врз транспондерот на урнатиот украински авион.

Авионот се урна неколку часа по иранскиот ракетен напад на две бази во Ирак што ги користат американски војници.

Според информациите кои ги сподели Џиралди,  иранскиот оператор на ракетниот систем доживеал екстремни „пречки“, а транспондерот на украинскиот авион на летот 752 бил исклучен неколку минути пред да бидат истрелани две руски ракети „тор“.

– Исклучувањето на транспондерот, кој на операторот автоматски би му сигнализирал дека авионот е цивилен, укажувало дека тој всушност бил непријателска цел. Операторот, кој бил информиран за можноста од појава на американски крстосувачки ракети, потоа истрелал проектили – објаснува тој, додавајќи дека Пентагон наводно развил технологии што можат да ги измамат непријателските радари со лажно придвижувани цели.
Според Џиралди ракетниот систем „тор“, кој го користи Иран, е ранлив на хакирање или на „измами“ и дека транспондерот на авионот на летот 752, истовремено бил исклучен „за да се предизвика авионска несреќа што би ѝ се припишала на иранската влада“, пренесува „Новости“.

Коренот на секоја тага потекнува од Америка, па затоа не можеме да ги исклучиме како можна причина, рече Џиралди.

За потсетување, несреќата се случи на 8-ми јануари кога над 170 патници загинаа по нападот на Иран врз американски цели во Ирак.

Авионот беше од типот Боинг 737 на „Украина Интернешнл ерлајнс“, но за жал ниту еден од патниците во авионот кој патувал до украинскиот главен град Киев не преживеал.

Авионот по падот веднаш се запалил. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.