Заев зборуваше и за тоа дека е платен авансот за 833 илјади вакцини кои ќе бидат набавени преку Ковакс системот, а обезбедена е и гаранцијата за останатиот дел од парите што треба да се платат по пристигнувањето на вакцините.

Објавил: admin@magazin | 12 декември, 2020 8:50

ЗАЕВИ ЈА ПРЕЛЕЖАА КОРОНАТА: Цело семејство позитивно на КОВИД-19, освен премиерот

Фото/Текст извор: ©с.печат

Претседателот на владат Зоран Заев, во гостување во емисијата Топ Тема на ТВ Телма откри дека дел од членовите од неговото семејство веќе ја прележале короната и дека лично смета дека во земјава се создава колективен имунитет.

 

Заев кажа дека според информациите кои стигнале до него,  можно е да се создаде колективен имунитет во Македонија.

 

Макар што, според мое лично мислење, ако дневно просечно заболуваат по 1.000 лица, има веројатно 10.000 што не знаат за заразата. Затоа веќе се тестира со тестовите за антитетла, IGM и IGG, за да видат колку е тоа отприлика распространето.Еве, половина од моето семејство ја помина короната. Двете деца ми беа позитивни, брат ми беше позитивен, братучедите, внуците… А другиот дел, од тие што е поминаа, меѓу кои сум и јас, јас не сум бил досега позитивен, половина од нив веќе имаат антитела “, рече Заев.

Во периодот од почетокот на пандемијата од коронавирус во Македонија во март годинава премиерот во неколку наврати се тестираше после контакти со заболени, но досега секогаш имаше негативен тест на корона.

Заев зборуваше и за тоа дека е платен авансот за 833 илјади вакцини кои ќе бидат набавени преку Ковакс системот, а обезбедена е и гаранцијата за останатиот дел од парите што треба да се платат по пристигнувањето на вакцините.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.