Јас внимателно ја слушав нивната изјава, тие рекоа не го прифаќаме предлогот на Заев, тие можат да се повлечат, ќе видиме како ќе постапат, така ќе се однесуваме, поради тоа што на крајот одговорноста е на сите нас, рече Заев

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 август, 2020 12:08

Заев: Ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето место за потпретседател, и ние ќе го сториме истото!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев најави дека неговата партија нема да предложи потпретседател на Собранието и потенцираше дека ваквата одлука ја донеле поради тоа што според нив тоа е непотребен трошок кој што ќе го плаќаат граѓаните, денеска и претседателот на СДСМ и мандатар за составување на Влада на Република Македонија, Зоран Заев од Македонска Каменица, порача дека и СДСМ ќе го следи примерот на ВМРО.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето право на потпретседател во Собранието тоа ќе го стори и СДСМ. Овој пат се утврди бројката на потпретседатели и навистина и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ можат да имат по еден потпретседател, што значи дека тогаш би останале трите места и за помалите политички заедници во државата. Потпретседател на Собранието зема 100 до 150 евра поголема плата, тоа не е за големината на трошокот, веројатно затоа што имаат поголема канцеларија, но денеска секој пратеник има сопствена канцеларија, но суштината е дали го слушаме гласот на граѓанинот. Ако ВМРО-ДПМНЕ се повлече и ние ќе се повлечеме и ќе отстапиме простор на помалите еве, за да биде бројката и помала. Јас внимателно ја слушав нивната изјава, тие рекоа не го прифаќаме предлогот на Заев, тие можат да се повлечат, ќе видиме како ќе постапат, така ќе се однесуваме, поради тоа што на крајот одговорноста е на сите нас, рече Заев

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести