Во гостувањето премиерот рече дека од големо значење е пријателскиот договор склучен со Бугарија и нагласи дека од неговиот бугарски колега, премиерот Бојко Борисов нема никаква закана ниту коментар кон Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 септември, 2020 10:08

Заев: Ако го присвојуваме Гоце Делчев, нема да го решиме проблемот со Бугарија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во емисијата „Само интервју“, премиерот Зоран Заев рече дека прашањето за Гоце Делчев треба да го решава Мешовитата комисија. Тој посочи дека политичарите нема да го решаваат ова прашање, истакнувајќќи дека сакаат тоа да го стори Комисијата, како што најде добри решенија за Свети Кирил и  Методиј, Свети Наум, Климент Охридски и цар Самоил.

Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

Комисијата треба да го реши и ова прашање во духот на таа заедничка историја,  заради заедничко славење. Проблемот е различни погледи во светот. Мора да гледаме на ова како мост на соработка. Не да го присвојуваме Гоце Делчев!“, нагласи премиерот Зоран Заев.Верувам дека комисијата ќе најде решение и за Гоце Делчев, наше е да охрабриме.

Во гостувањето премиерот рече дека од големо значење е пријателскиот договор склучен со Бугарија и нагласи дека од неговиот бугарски колега, премиерот Бојко Борисов нема никаква закана ниту коментар кон Македонија.

Важно е дека во Договорот Бугарија зема обврска да не подржува во нашите европски и евроатлантски интеграции. И Бугарија, тоа го прави, не само фигуративно, рече премиерот Заев нагласувајќи дека поддршката од бугарска страна за Македонија, Албанија и Западниот Балкан е очигледна, враќајќи го фокусот на Европа на овој регион.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести