Како што изјави тој сепак се надева дека лидерите на ЕУ ќе дадат зелено светло за отворање на преговорите со Северна Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 октомври, 2019 18:50

Заев: Ако ЕУ не донесе одлука за преговори, значи дека не го почитува и го казнува Преспанскиот договор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев во изјава за српската новинска агенција Танјуг истакна дека ако Европската Унија не донесе одлука за почнување на преговори со Северна Македонија тоа практично ќе значи дека не го почитува, па дури и дека го казнува Преспанскиот договор.

-Сите велат дека Преспанскиот договор досега е еден од најдобрите примери на Западен Балкан. Ако ЕУ го казни овој договор со одлагање на пристапните преговори со Северна Македонија, како може тогаш да се очекува дека ќе биде најдено решение за косовското прашање, или како ќе се мотивираат босанските лидери да најдат решение во БиХ, рече Заев.

Ако Европската Унија не донесе одлука за почнување на преговори со Северна Македонија тоа практично ќе значи дека не го почитува, па дури и дека го казнува Преспанскиот договор, вели премиерот Зоран Заев во изјава за српската новинска агенција Танјуг.

Како што изјави тој сепак се надева дека лидерите на ЕУ ќе дадат зелено светло за отворање на преговорите со Северна Македонија.

Премиерот во интервјуто вели дека ниедна земја членка нема забелешки кон нас, туку проблем е само барањето на Франција за реформа на преговарачкиот процес, кој според Заев може да се одвива паралелно со процесот на проширување.

Северна Македонија, нагласува Заев, нема друга алтернатива освен ЕУ, и нема да отстапи од европскиот пат. Според него, натамошното одложување на стартот на преговорите може да предизвика пад на Владата во Скопје, но оти на нејзино место ќе дојде друга која ќе го продолжи европскиот пат.

– Поради ова го променивме нашето име, направивме договори со Грција и Бугарија и ги унапредивме односите со другите соседи. Верувам дека ЕУ ќе не мотивора да продолжиме со работа и да постигнеме уште поголеми успеси, изјави Заев за Танјуг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика