– Овде, пред сите и јавноста тврдам дека немаме ниту едно евро земен кредит, вели Заев.

Објавил: admin@magazin | 27 октомври, 2019 8:36

ЗАЕВ: Ако треба да одам бос, БЕЗ ЧЕВЛИ идната година ќе има просечната плата до 30 000 денари!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев, на трибината во Прилеп вети дека просечна плата од 30 илјади ќе има од наредната година и дека ќе се зголемат пензиите и платите во здравството, образованието.

– По секоја цена, ако треба, да одам бос, без чевли идната година ќе има просечната плата до 30 000 денари.Ќе тргне спиралата на зголемување на платите во сите сектори. Не само на минималната која е веќе 14 500 денари, туку и на просечната плата. Освен тоа, ќе има огромно зголемување на пензиите од почетокот на следната година – рече Заев од Прилеп.

Премиерот од Прилеп рече дека уште во првиот квартал на идната година, лекарите-специјалистите имаат просечни примања од 100 илјади денари.

– Идната недела сме со намера да ги објавиме зголемување на капитациите на матичните лекари, стоматолози, гинеколози. Конечна цел ни е до крјаот на годинава да постигнеме колективен договор во културата, но притоа мора сите да се изедначат со платите. Во образованието, кумулативно покаќувањертѕо е 5 +5 насто, некаде до 11 проценти, а понудивме од април уште 10 отсто зголемување на платите во образованието – рече Заев.

Исто така тој нагласи дека досега не е земено ниту евро кредит.

– Овде, пред сите и јавноста тврдам дека немаме ниту едно евро земен кредит. Затоа, ваквите политики се „правиот пат“. Тоа значи дека Македонија можела паралелно, додека се решаваа сите историски прашања, овие економски политики да се имплементираат. Создадовме раст на економијата од 3,6 проценти во првото полугодие. Оваа година имаме одлични шанси да го постигнеме растот поголем од 4 проценти, иако во буџетот тоа е 3 проценти – рече Заев на трибината во Прилеп.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...