Заев утринава ја потпиша својата оставка, а предмалку беше доставена до Собранието.

Објавил: Весна Петровска | 3 јануари, 2020 10:59

Заев: Верувам дека до 2025-2027 ќе бидеме членка на ЕУ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во однос на европските перспективи на Македонија, премиерот Зоран Заев за Утрински брифинг изјави:

– Сакам мојата земја да биде членка на ЕУ тогаш кога ќе заслужи. Ги добиваме капацитетите и механизмите, имаме медени години пред нас, така треба да се европеизираме, не да итаме, туку да бидеме подготвени. Верувам дека до 2025-2027, зависно од нашите перформанси, дека можеме да станеме полноправна членка.

Заев утринава ја потпиша својата оставка, а предмалку беше доставена до Собранието.

На прашањето како очекува да помине денот, при процедурата за неговата оставка и избор на новата техничка влада Заев за Утрински брифинг одговори:

– Би требало да помине глатко и би требало нормално, ако сме нормална земја сепак заедничка влада се бира. Уште еднаш да напоменам оваа пракса на влада беше воспоставена 2016 на наше барање. Во моментот кога се преговараше за Преспанскиот договор беше побарано тоа од опозицијата и чесно и достоинствено е да се даде нешто што сте го барале токму и вие. Јас верувам дека на тој начин се задоволува право на опозицијата да биде контролор, но секако да си презеде и своја одговорност. Денеска доаѓа до ревизација. Денешниот ден почнува со мојата оставка, оставката во секој момент би требала да стигне во архивите на Собранието, каде претседателот на Собранието го свикува Собранието. Со констатирање на оставката веројатно ќе се прави пауза за да може новиот кандидат за премиер Оливер Спасовски да го добие самиот мандат и да ги достави предлозите до Собранието. Предлозите се два пакети, едниот е на министрите на Влада, а вториот се заменик-министрите. Тоа е таканаречената пржинска Влада или дополнителната Влада која има задача да ги формира демократските избори и секако најголемо очекување на нашите граѓани, секако и мое е дека навистина ќе имаме избори за пример.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.