Утре можен е конечен договор со Грција

Објавил: admin@magazin | 11 јуни, 2018 20:22

Заев вечерва во „Топ тема“: Се надевам на договор утре

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

-Веројатно мојот оптимизам за договор за решение на спорот ќе се оствари, но конечно ќе биде, тогаш кога ќе биде конечно се, а јас се надевам дека тоа ќе биде утре,“ изјави вечерва премиерот Зоран Заев во емисијата Топ тема на ваша страна, на телевизија Телма.

Заев не откри повеќе детали околу можниот договор, поради како што рече принципиелниот однос кон другата страна, но истакна дека желба за решение има од двете страни.

-Наша конечна цел е да дојдеме до фер договор, кој ќе биде заснован на факти и кој ќе не стави на заедничка маса со западноевропските земји, изјави Заев.

Премиерот го потврди веќе познатиот став дека без решение на спорот за името нема членство во НАТО и ЕУ. Тој повтори дека по евентуалниот договор за кој ќе се согласат двајцата премиери на Македонија и Грција, ќе следи процес на информирање на сите политички чинители во земјата, а чекорите на имплементација на договорот ќе бидат координирани заедно со грчката страна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.