Колку за споредба, од ситуација кога до 2017 година државата одвојуваше многу помалку за поддршка на иновативни проекти, денеска зборуваме за поддршка за повеќе од 550 проекти. До 2017 година ФИТР поддржуваше само 36 компании.

Објавил: admin@magazin | 21 април, 2021 21:12

Заев: Владата преку поддршка на иновативни решенија вложува во развојна економија која нѐ движи напред и нѐ прави конкурентни на светскиот пазар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска се обрати на панел-дискусијата на тема: „Со инвестиции во иновации до одржлив економски раст“ во организација на Фонд за иновации и технолошки развој, а по повод 21 Април, Светски ден на креативноста и иновативноста.

Покрај премиерот Заев, на панелот се обрати Коста Петров, директор на ФИТР, како и претставници на компании кои реализирале иновативна идеја со поддршка на ФИТР, односно Весна Кузмановиќ од „Стратум Рид“, Димитар Шошев од „Елисиум Центар“ , Ана Спасовска од „Иновејшн“ и Глигор Давчевски од „Докстим“.

На настанот беше потенциран успехот што го бележи ФИТР, во изминатите неколку години преку поддршка на повеќе од 550 компании. Претставниците на иновативните компании кои беа дел од дискусијата се осврнаа на тоа колку за нив била важна поддршката од ФИТР, не само во финансиска смисла, туку и во целиот процес од идеја до реализација. Заклучокот беше дека за успешни компании со конкурентни и иновативни продукти, неопходна е поддршката од Владата, но и партнерскиот однос помеѓу компаниите особено при промоција надвор од границите на нашата држава.

Ми претставува посебна чест и задоволство што денеска учествувам на овој настан по повод Светскиот ден на креативноста и иновативноста. Честа и задоволството се двојно поголеми заради можноста да ги споделам со дел од корисниците на програмите за поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој вредностите на Манифестот на Светскиот ден на креативноста и иновативноста.

Во средиштето на овој Манифест е пораката дека со иновативноста и креативноста ги надминуваме предизвиците од минатото и сегашноста се создаваат промени за подобро утре. Јас сум убеден дека компаниите со чии претставници сме денеска тоа успешно го применуваат со поддршката од Фондот за нивните иновативни и креативни решенија.

Сите вие успешните апликанти во програмите за поддршка на Фондот учествувате и во остварувањето на неговата мисија за поттикнување и поддршка на иновативните решенија во микро, малите и средните претпријатија и за остварување забрзан технолошки развој на компаниите.

Посветеноста на компаниите за постојан развој базиран на трансфер на знаење и на унапредување на сопствените технолошки процеси низ иновативни решенија придонесува поквалитетни и поконкурентни производи и услуги, создавање нови работни места и економски раст и развој на секоја компанија одделни.

Стремејќи и остварувајќи ги овие цели вие учествувате и со подобрувањето на бизнис климата во земјата и за создавање услови за развој на конкурентските капацитети на компаниите за да бидат покомпетентни и на европскиот и светскиот пазар.

Во оваа насока, улогата на Фондот за иновации и технолошки развој како кредибилен партнер за поддршка на иницијативите на компаниите е веќе сериозно препознаена.

За мене лично огромна потврда на тоа е што оваа година, во време на глобална пандемија, имаме рекорден број доставени апликации во однос на било кој досегашен јавен повик кој го спроведува ФИТР.

На јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст кој воедно е дел од петтиот пакет на антикризни мерки пристигнаа дури 706 апликации, од кои 540 се од компании кои аплицираат за првпат, а 207 се стартап компании.

За довербата во програмите на Фондот за иновации и технолошки развој и на економските политики на Владата говори и фактот што компаниите што аплицирале се подготвени да учествуваат со свој дел и сите заедно се подготвени да инвестираат околу 27 милиони евра сопствени средства.

Овој јавен повик следи по јавниот повик на ФИТР за поддршка на компаниите за брзо прилагодување и надминување на последиците од КОВИД-19, што беше дел од третиот пакет на антикризни мерки.

За 2021 година, ФИТР ќе објави јавни повици за финансирање преку повеќе финансиски инструменти во износ од 17,5 милиони евра. Од портфолиото на Фондот во тек е реализацијата на проекти од 550 компании во вкупна вредност од 77 милиони евра.

Колку за споредба, од ситуација кога до 2017 година државата одвојуваше многу помалку за поддршка на иновативни проекти, денеска зборуваме за поддршка за повеќе од 550 проекти. До 2017 година ФИТР поддржуваше само 36 компании.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Во 1871 година го објавил препевот на „Илијадата“, но бил жестоко искритикуван, од бугарската критика бидејќи пишувал на општословенски, а не на бугарски литературен јазик (кој не го знаел добро).

ЗА ЖИВОТОТ НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ – „СЕРДАРОТ“

Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз...

Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес!

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес! Градоначалничката...