Меѓу гостите е и целиот политички врв на СДСМ на чело со претседателот на партијата, Зоран Заев.

Објавил: admin@magazin | 7 март, 2020 23:39

ЗАЕВ ВОДИ ОРО, ПРАТЕНИЦИТЕ ОД СДСМ ЛУМПУВААТ ВО ХОТЕЛ: Се ожени Љупчо Николовски(фото)

Фото/Текст извор: ©бриф.мк

Свадбена веселба вечерва прави генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделие Љупчо Николовски со неговата сопруга Андријана Јакимовска.

Додека гостите пристигнуваат невестата и зетот направија селфи, а Николовски ја објави фотографијата на социјалните мрежи.

Меѓу гостите е и целиот политички врв на СДСМ на чело со претседателот на партијата, Зоран Заев. 

Меѓу гостите е и целиот политички врв на СДСМ на чело со претседателот на партијата, Зоран Заев. Парот минатата година во октомври се венчаше во интимна атмосфера во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка.

Николовски ја запроси Андријана лани, кон крајот на месец јули во словенечкото гратче Порторож покрај брегот на Јадранско Море, чие име во превод значи пристаниште на розите. Се знаеле цел живот, бидејќи и двајцата се по потекло од ист град, и долги години биле заедно.

Љупчо Николовски е македонски политичар од редовите на СДСМ и министер за земјоделство во владата од 2017. Николовски дипломирал на правниот факултет „Јустинијан Први“ во 2007, а во периодот 2007–2008 работел како адвокатски приправник.

Во февруари 2014 бил назначен за шеф на кабинет на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а од ноември 2015 до мај 2016 бил дополнителен заменик-министер за земјоделство во техничката влада на Емил Димитриев.

Во 2017 бил именуван за прв човек на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Николовски говори англиски и италијански јазик

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани