Вонредната состојба завршува на 30 мај, на 21 јуни се изборите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 мај, 2020 0:05

ЗАЕВ: Вонредната состојба завршува на 30 мај, на 21 јуни се изборите!

Фото/Текст извор: ©канал 5

Решението на Талат Џафери е  замрзнато, додека трае вонредната состојба, да не се расправаме кој ќе оди а кој не на изборите, туку само да се почитуваат законите, изјави во денешното вклучување во вестите на Канал 5 претседателот на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев.

-Здравјето на граѓаните е пред се. Ние сме парламентарна демократија и Собранието мора да функционира и да има политичка Влада која ќе носи храбри одлуки. Во вакви околности кога немаме договор, остануваат термините, односно 22 дена од завршување на вонредната сосотојба да се одржат избори. Вонредната состојба завршува на 30 мај, на 21 јуни се изборите. Прашањето не е што сакаме, кога нема договор кога нема договор во секоја земја останува Закон и владеење на правото. Мора да се почитуваат законите, а законот вели изборите се на 21 јуни. Тоа може да се одложи ако се продолжи вондредната сосотјба, но за таа да продолжи мора да има сериозен аргумент. Треба изборите да се одржат согласно законските рокови, истакна претседателот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести