"Во насока на декриминализација, потребно е да се променат деловите од Кривичниот законик во делот што се однесува на наркотиците.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 декември, 2020 18:13

ЗАЕВ: Во земјите каде што е легализирана марихуаната, многу корисници на хероин и кокаин се откажуваат од употреба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, изјави дека прашањето за легализација на марихуаната не е политичко, туку национално прашање и дека во насока на декриминализација, во првата половина на 2021 година, одредбите во Кривичниот законик ќе бидат променети.

“Во насока на декриминализација, потребно е да се променат деловите од Кривичниот законик во делот што се однесува на наркотиците.

Тоа ќе го сториме во првиот дел во 2021 година и генерално реакциите се позитивни на ова прашање”, рече Заев во емисијата Економски магазин за Алсат М!

Како што наведе, медицинскиот канабис има огромен потенцијал во економскиот развој.

Тука нема политика, ова е нешто национално. Треба да го поддржиме законот“, посочува Заев.

Тој исто така нагласува дека македонското Министерство за внатрешни работи останува посветено во борбата против шверцот и трговијата со дрога и наркотици!

Како што нагласи, во земјите каде што марихуаната е легализирана, постои економски потенцијал за развој во сите службени активности, а многу корисници на хероин и кокаин се откажуваат од употреба на тврди дроги истовремено.

Крајната цел е да се постигне економски раст и развој.

Се создаваат нови работни места, се воведуваат девизи во земјата и многу се помага во борбата против употребата на тешки наркотици”, истакна македонскиот премиер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести