Од партиски извори дознаваме дека пратениците на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата ќе биде присутна на почетокот на седницата за уставни измени, да слушнат што ново ќе каже Заев

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 11:10

Заев во очај, ќе понуди национално помирување, па уставни измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот на Македонија и претседател на СДСМ, како дознаваме од партиски извори, денес од собраниската говорница, пред почетокот на седницата за уставните измени ќе им се обрати на пратениците.

Пред членовите на законодавниот дом, како се известува, Заев ќе повика на национално помирување.

Што точно ќе порача премиерот не е јасно. Одтука и одлуката на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата да бидат присутни во салата за пленарни седници.

Заев за Преспанскиот договор до сега доби три “Не.”

Првото “Не”, беше од претседателот на Република Македонија и носител на суверенитетот, Ѓорге Иванов кој го искористи правото на т.н. “џебно вето” и го блокираше Законот за Договорот од Преспа. 

Второто “Не”, Заев го доби на референдумот за промена на името. И тоа директно од граѓаните на Република Македонија кои со бојкот пратија јасна порака дека се против уставни измени, промена на името на државата и негирање на Македонскиот национален идентитет, јазик, писмо, историја и култура.

Третото “Не”, за Заев стигна токму од 48 пратеници на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата кои не потпаднаа под уцените, заканите и притисоците по секоја цена да ги гласаат уставните измени.

Што денес ќе порача премиерот, ќе се чуе во зачетокот на собраниската седница за уставни измени, за која се шпекулира дека Заев изгубил поддршка и од 10-тина пратеници од опозиционите партии на албанците, независни пратеници но и пратеници од СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести