Заев во партиски цели за претстојниот референдум за промена на името ја злоупотреби нациналната почесна Гарда на АРМ и не го спомна АСНОМ во историските вредности

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 септември, 2018 15:35

Заев “во тежок филм”, сепак потврди дека АСНОМ се брише

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Завршното обраќање на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, основ за кривично дело и потврда дека во Преамбулата на Уставот нема веќе да постои АСНОМ.

Во недела ќе се соочите со историска одлука. Треба да направите избор. Запаметете, тоа не е избор меѓу две политички партии. Тоа е избор за вашата иднина, за иднината на вашите деца. Тоа е избор за иднината на нашата сакана Македонија. – вели премиерот Зоран Заев во своето завршно обраќање по повод референдумот на 30 септември, направено во Крушево пред споменикот Македониум.

Заев очигледно не ја знае улогата на националната почесната Гарда на АРМ и истата ја злоупотреби во промотивен спот во партиска кампања за референдумот што е кривично дело. 

Воедно премиерот и претседател на СДСМ ја потврди информацијата на магазин.мк дека во преамбулата “одлуките на АСНОМ” ќе бидат избришани а ќе бидат заменети со “учество во Народно ослободителната борба”, па во својот говор Заев не го ни спомна АСНОМ.

Овој споменик не потсетува дека македонскиот народ секогаш го правел вистинскиот избор: Во 1903 година за време на Илинденското востание. Во 1941 година во Народно-ослободителната борба кога застана рамо до рамо до прогресивна Европа против фашизмот. На 8 септември во 1991 година, со глас на референдумот донесовме одлука за слободна, независна и суверена Република Македонија. Од тогаш наваму, не се остварија сите наши стремежи, нашиот сон за европска Македонија и земја членка на НАТО. – истакнува премиерот.

Она што голем број аналитичари, политичари, историчари и општественици му замерија на Заев и власта е што и за кампањата промовираа лажни вредности, т.е. имаа мото кое е далеку од вистината, затоа што ако се извршат уставните измени, нема да има Европска туку Северна Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести