Во очи самитот во Брисел, Заев ги предупреди лидерите на земјите членки во ЕУ дека владата ќе падне доколку и овој пат не добиеме датум за преговори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 октомври, 2019 10:34

Заев во 12 часот ќе се обрати до јавноста- ЌЕ ПОДНЕСЕ ЛИ ОСТАВКА?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во 12 часот премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати до јавноста за прв пат по самитот во Брисел.

Прес – конференција за 12 часот е закажана во Медија центарот на Владата.

Македонија на самитот во Брисел не доби датум за старт на преговори со Европската Унија како што беше ветувано и како што очекуваа граѓаните.

Премиерот Заев во 12 часот ќе се обрати пред јавноста

Во очи самитот во Брисел, Заев ги предупреди лидерите на земјите членки во ЕУ дека владата ќе падне доколку и овој пат не добиеме датум за преговори.

“Ако лидерите на земјите членки на ЕУ донесат негативна одлука за почеток на преговорите, или уште еднаш го одложат датумот нашата Влада ќе падне, изјави Заев во Виена.

Инаку во светските медиуми на големо се пишуваше дека премиерот Зоран Заев поднел оставка но како што се зборува во дипломатските кругови, станува збор за блеф бидејќи тој не би си отишол од фотелјата за никаква цена.

Тој со најавата за оставка сака да се извлече од ситуацијата во која што се наоѓа поради тоа што ЕУ не започна преговори со нашата држава. Тој претходно најави и пад на Влада доколку не започне процесот за влез во Европската Унија.

Веќе и во јавноста почна да се шпекулира дека на премиерската фотелја ќе дојде сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој ќе биде новиот премиер на Македонија до крајот на наредната година.

Наводно како што пренесува ин7, Спасовски ќе ја предводи владата до претстојните парламентарни избори, кои се очекува да бидат распишани во наредните денови.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика