Денеска го добив резултатот од тестот за КОВИД-19 и тој е негативен. Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас, вели премиерот!
Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје.
Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со КОВИД-19, потрнцираше Заев!
Позитивен на корона вирус е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Оваа вест тој ја објави на Фејсбук при што наведе дека клиничката слика му е добра, со благи симптоми и веќе е во домашна самоизолација.
Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за КОВИД-19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.
Чувајте се, наведе Спасовски синоќа во објавата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.