Она што политичките аналитичари го коментираат како внатрепартиска поделба во СДСМ и користољубие на Ахмети во владата, Зеколи го претстави како драма во три чина

Објавил: Мартин Попоски | 5 декември, 2018 7:40

Заев ги искористи Албанците, Рада – Заев, а Али и Заев и Рада

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор на Македонија во ОБСЕ, Арсим Зеколи со три фокусни точки ја појасни актуелната политичка состојба во СДСМ но и владината коалиција.

Зеколи кој важи за гласен критичар на политиките на актуелната власт, во последно време излегува со брилијантни но и хирушки прецизни анализи, кои ги пренесува и во вид на сатира.

Заеколи за актуелната политичка состојба во СДСМ и владиниот кабинет, напиша:

Македонската политичка сцена во три епизоди:

Заев Зоран: Да ги искористам албанците да ме изгласаат во влада, па ќе им удрам корпа.

Шекеринска Рада: Да го искористам Заев да го реши спорот со Грците, па ќе му удрам корпа.

Ахмети Али: Да го искористам Заев да го симне Грујото, да го реши спорот со Грција, да го избрка Зиадин, да ги поткупи бурекџииве од Беса а потоа Рада и Заев ќе се тепаат кој ме сака повеќе. – вели Зеколи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести