Тој го објави името на аналитичарот Алберт Муслиу, градоначалниката на Тетово, Теута Арифи, и бизнисменот Имер Семани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 април, 2019 12:03

Заев ги објави имињата на Албанците кои ги предложил за претседателски кандидати

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашната емисија на ТВ21 Клик Плус, гостуваше актуелниот премиер Зоран Заев, каде јавно ги откри имињата на албански претседателски кандидати кои тој лично ги предложил.

Премиерот во вчерашната емисија ги објави имињата на албанските кандидати кои биле во игра за претседателските избори

Тој го објави името на аналитичарот Алберт Муслиу, градоначалниката на Тетово, Теута Арифи, и бизнисменот Имер Семани. Ова се имињата на оние кои би можеле да добијат поддршка од владеачката СДСМ и владината коалиција за да бидат кандидати за претседател, но пред да биде избран сегашниот кандидат Стево Пендаровски.

Јас знам дека можев да трчам и со Радмила Шеќеринска, можев со Оливер Спасовски и со Никола Димитров и со многу други луѓе, имаше така независни кандидати, одлични кандидати. Имаше и неколку албански кандидати, еве ќе ги кажам оние кои сум ги проверувал јас, Имер Семани, Алберт Муслиу, Теута Арифи, значи имало, затоа сум молел Имер другар ако веруваш во тоа дјди поддржи го Стево, и човекот дојде го поддржа, рече премиерот Заев во вчерашното гостување во Клик Плус.

Ова вчера го откри Заев во емисијата „Клик Плус“ а на дебатата беше присутен и споменатиот Муслиу на кој Заев му се извини, бидејќи така јавно го посочи неговото име, а Муслиу и самиот беше изненаден од тоа што се нашол во комбинација да биде предложен за кандидат за претседател на Македонија.

Заев изјави дека изборот на Пендаровски како конечен ја добил поддршката од ДУИ и другите албански партии во владината коалиција и тоа било пресудно, а доколку се прашувал исклучиво тој и СДСМ најверојатно би биле предложени некој од вицепремиерите Оливер Спасовски или Радмила Шекеринска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести