На новата листа е останат Зијад Беќировиќ, како советник за економски прашања за соработка со земјите од регионот.

Објавил: admin@magazin | 7 септември, 2019 17:34

Заев ги ШУТНА советниците Биљали, Узунов, Спасов- денеска објавени новите советници!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска премиерот Зоран Заев ја објави листата со новите советници.

Во новиот список за надворешни соработници ги нема професорот Мерсел Биљали,, новинарот Ѓорги Калајџиев, Митко Андреевски кој беше претседател на Комисијата за енергетика на СДСМ, и професорот Александар Спасов, кој премина во кабинетот на претседателот Пендаровски.

Освен сумата на хонорарите изоставено во списокот е и до кога ќе им траат договорите.

Меѓу надворешните соработници на Заев не е ниту универзитетскиот професор Ванчо Узунов, за кој во првичниот список на советници стоеше дека е ангажиран до крајот на 2019 година.

Узунов, поранешен потпретседател на СДСМ, беше ангажиран за 53.500 денари месечно како надворешен соработник за економски прашања. 

На новата листа е останат Зијад Беќировиќ, како советник за економски прашања за соработка со земјите од регионот.

Беќировиќ, инаку е еден од директорите на ИФИМЕС, кој, исто така, е додаден во новиот список на надворешни соработници.

 

Како што можеме да забележиме во новиот список на премиерот Зоран Заев, сумата на хонорарите не е напишана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.