Киро Глигоров беше активист на македонското студентско и комунистичко движење, македонски и југословенски економист, политичар и државник, прв претседател на самостојна и независна Република Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јануари, 2020 12:26

Заев: Глигоров ги поврза двата столба на македонската државност – АСНОМ 1944 и 8 Септември 1991

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера навршија осум години од смртта на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, а по тој повод се огласи и премиерот Зоран Заев.

Фејсбук статус на премиерот во заминување Зоран Заев

Денес се навршуваат осум години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија.

Киро Глигоров ги поврза двата столба на македонската државност – АСНОМ 1944 и 8 Септември 1991.

Тој имаше исклучителна улога во процесот на политичкото и мирољубиво осамостојување на земјата и на нејзиното меѓународно признавање.

Благодарение на него, денес граѓаните на Северна Македонија се движат по јасно трасиран пат на безбедноста, демократијата и напредокот, напиша вчера премиерот во заминување на својот Фејсбук профил.

Киро Глигоров беше активист на македонското студентско и комунистичко движење, македонски и југословенски економист, политичар и државник, прв претседател на самостојна и независна Република Македонија.

Во февруари 1990 година се вклучил во Македонскиот форум за подготовка на македонска национална програма. Глигоров активно учествувал во работата на овој форум на кој се разгледувала ситуацијата во Југословенската Федерација и можностите за разврската со осамостојување на Социјалистичка Република Македонија.

По изгласувањето на Декларацијата за сувереност на државата, на 25 јануари 1991 година, Глигоров бил избран за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија на 27 јануари 1991 година.

На 7 март му го доверил мандатот на Никола Кљусев за формирање на првата влада.

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...