Вчера едногласно сите го извикуваа името на Вардар, кој по втор пат се закити со титулата европски шампион. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јуни, 2019 14:35

Заев го одврза ќесето: Ракометарите на “Вардар” ќе добијат награда од пола милион евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По освојувањето на европската тирула, шампионите на македонскиот ракометен клуб Р.К Вардар,  беа пречекани со сите почести од граѓаните и навивачите на градскиот плоштад.

Вчера едногласно сите го извикуваа името на Вардар, кој по втор пат се закити со титулата европски шампион. 

Ракометарите на Вардар му подарија дрес на премиерот Зоран Заев

Денес ракометарите беа во посета на Владата, каде остварија средба со премиерот Зоран Заев, кој им посака добре дојде и им ја честиташе победата. Заев пред ракометарите вети дека ќе се заложи клубот да остане на нозе.

Добредојде за Вардар, за играчите и за управата, во Владата. Ви честитам за титулата европски шампион. Ви благодарам за среќата и радоста кои ни ги приредивте. Вие сте шампиони на нашите срца! ❤️🖤❤️🖤❤️🖤

Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт.

И веднаш, уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму.

Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции.

Вие им носите радост на граѓаните, а државата ќе возврати со влог во иднината на македонскиот ракомет и македонскиот спорт. 🇲🇰

Честитки Вардаре!напиша премиерот на својот Фејсбук профил.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести