Макеоднскииот Национален Совет го откри планот на Заев уште во март 2019

Објавил: Македонка Димкин | 16 април, 2019 19:03

Заев го потврди планот кој МНС го откри пред две недели, ако нема цензус, ќе се гласа во Собранието

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Заев не верува дека ќе има проблем со излезеноста во вториот круг на претседателските избори што ќе се одржат на 5 мај 2019 , тој е сигурен дека дека ќе има цензус, но сепак доколку нема 40 отсто излезност тој вели:

»Се консултирав со Дескоска, таа е мој прв правник во Владата. Ми рече дека преку промена на Уставот може да се избере претседател на државата на два начини – или да се тргне цензусот, или да се изгласа претседател во самото Собрание – изјави премиерот Зоран Заев, во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Пред точно две недели од Берлин се јави Македонскиот Национален Совет кој токму на тоа предупреди, прочитајте што порачаа од советот: 

Македонскиот Национален Совет на својот прв состанок од 16 март 2019 а во врска со претстојните претседателски избори во Македонија, ги зазеде следните ставови:

1. Советот го повикува македонскиот народ и сите други граѓани на РМ масовно да се вклучат и да излезат на гласање на претстојните претседателски избори и не препорачува бојкот од следниве причини:

а) Долгорочна цел на ДУИ е да ја поткопа институцијата Претседател на Република Македонија, бидејќи се свесни дека само оваа институција не им е на дофат. Токму затоа се трудат да наметнат за нив прифатлив начин при изборот на личноста, за подоцна да можат да влијаат врз неа.

б) Доколку не се исполни цензусот на претседателските избори, советот е на мислење дека СДСМ и ДУИ заедно со нивните марионети одвоени од ВМРО-ДПМНЕ ќе преминат во фаза за промена на уставот во правец на укинување на постоечката институција Претседател на РМ, префрлајќи го изборот во Собранието на Република Македонија. Во таков случај ДУИ ќе постави услов, покрај двотретинско мнозинство за избор на Претседател, истиот да се ограничи и преку воведување на т.н. Бадинтерово мнозинство, со што во целост ќе се ослабне досегашната поставеност на институцијата Претседател, а тие во иднина ќе имаат круцијално влијание врз изборот.

в) Изборот на Претседател на Република Македонија преку негов директен непосреден избор од граѓаните дава посебна сила на оваа институција. Целта е таа сила да се неутрализира.

г) Советот разгледа уште едно можно сценарио. Доколку претседателските избори пропаднат, СДСМ и ДУИ заедно со нивните марионети одвоени од ВМРО-ДПМНЕ може да преминат во операција на намалување на цензусот за избор на Претседател и со тоа да се повторат претседателските избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.