На средбата гостите од „Сименс“ беа запознаени и со предностите на Законот за стратешки инвестиции кој овозможува поголеми инвестициски циклуси на државно и на локално ниво со опција за државна помош за поттик на економскиот раст, вработувањето, примената на нови технологии и иновации, и за зголемување на конкурентноста и на извозот.

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 февруари, 2021 13:02

Заев: Го цениме интересот на германски „Сименс“ за поголемо конкурентно учество во енергетските и во другите капитални проекти во земјата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска прими делегација на регионалното претставништво на германската компанија „Сименс“, предводена од генералниот директор Удо Ајхлингер.

На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, претставниците на „Сименс“, како компанија која има респектабилно меѓународно искуство и стручност, покажаа интерес за поголемо и непосредно присуство во Македонија со цел да учествуваат во конкуренцијата во енергетскиот сектор во делот на обновливите извори на енергија, гасификацијата, како и во проектите за заштита на животната средина во капиталните проекти за управување со хидросистемите за снабдување и во системите за менаџирање со отпадните води.

Премиерот Заев и заменик-претседателот Битиќи ги запознаа претставниците на „Сименс“ со стратешките проекти на Владата во енергетиката со посебен акцент на развојот на капацитетите со обновливи извори на енергија, и со крупните проекти за управување со води и ги охрабрија да учествуваат на јавните повици за конкурентно учество за нивна реализација.

На средбата гостите од „Сименс“ беа запознаени и со предностите на Законот за стратешки инвестиции кој овозможува поголеми инвестициски циклуси на државно и на локално ниво со опција за државна помош за поттик на економскиот раст, вработувањето, примената на нови технологии и иновации, и за зголемување на конкурентноста и на извозот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти!

ВМРО-ДПМНЕ: Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Жан Митрев може да добие затворска казна од 1 до 10 години

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен...

Левица во својата политичка иднина има две битки, а првото полувреме е со СДСМ, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Апасиев: Црвениот тефтер ни е полн, ништо не забораваме!

Јавно кажуваме дека нема да им биде простено на тие параполициски структури кои што...

Дел од гостите само се заблагодарија за поканата, а дел ја искористија можноста да кажат дека дошле за поддршка.

„Се надевам дека во иднина она што е нормално, да се отвораат клубови кои ќе поврзуваат, а ние имаме многу со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега да ги сфаќаме како провокација.“

изјави Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
На улицата пред клубот тешко можеше да се разликува кој е дојден за поддршка, а кој за провокација. Отспротива, без присутни помал број поддржувачи на бугарската ВМРО-БНД. Меѓу новинарите, пак, се појави човек што се претстави како наследник на Вапцаров и се обиде да му подари книга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Тука се е напишано, особено на последната страница си е напишано, тоа е ракопис на Никола Вапцаров каде што пишува кој е, што е.

–Ќе ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Никола Јонков Впацаров за Македонија и неговиот македонски иднетитет. Следниот пат ви ветувам ќе ви дадам книга“,

објаснуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

(ВИДЕО) Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај...