Лично разговарав со него и секако добив соодветно објаснување и корекции за одредени работи. Јас сум служител на сите граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 јануари, 2021 7:13

Заев: Градоначалниците од СДСМ да не глумат локални шерифи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мојата порака е таа што секогаш ја давам за градоначалниците од СДСМ кои победија на изборите – да не глумат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено“, изјави премиерот Зоран Заев за градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, откако деновиве беше објавено дека повеќе вработени во општината се жалат на мобинг од страна на општинската управа, пренесе Фокус!

„Лично разговарав со него и секако добив соодветно објаснување и корекции за одредени работи. Јас сум служител на сите граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита.

Оваа недела сигурно ќе реагирам зашто јас сум служител на сите наши граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита. Секако, граѓанин е и градоначалникот, но тој извршува сериозна и одговорна функција.

Не знам детали, не можам да инсинуирам било што, но дефинитивно ќе се информирам за случајот и ќе дадам дополнително коментар“, изјави Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.