Според податоците на ДИК, по 18 отсто преброени гласачки ливчиња, Арсовска води со околу 9.000 гласови пред Петре Шилегов од СДСМ.

Објавил: admin@magazin | 31 октомври, 2021 20:35

Заев губи во скоро сите општини: Брука и срам за СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин

Од изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“ велат дека нивните кандидати веќе победиле во Охрид, Брвеница, Радовиш, Гевгелија, Зелениково, Битола, Василево, Ресен, Ново Село, Чешиново и Лозово.

Од партијата велат дека кандидатката поддржана од нив, Данела Арсовска убедливо води во трката за Скопје.

Според податоците на ДИК, по 18 отсто преброени гласачки ливчиња, Арсовска води со околу 9.000 гласови пред Петре Шилегов од СДСМ.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, прогласи победа на изборите против Константин Георгиевски од СДСМ.

Стоматологот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ е првиот кандидат што во вториот круг се огласи прогласувајќи победа, и покрај тоа што броењето на гласовите сѐ уште трае.

Благодарам Охриде!!! Победа“, напиша кратко Пецаков, околу еден час по завршувањето на гласањето во Општина Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести