Премиерот истакна дека на оваа позиција е дојден благодарение на народот. Тој истакна дека се бори за за демократија и за правна држава и за владеење на правото.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 август, 2019 13:27

Заев: Да не биде заборавено, јас сум човекот кој што го пријави случајот Рекет

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По вчерашната скандалозна изјава премиерот Зоран Заев денеска преку Фејсбук нагласува дека верува во транспарентни и во многу прецизни и брзи истраги.

Верувам во транспарентни истраги верувам во многу прецизни и брзи истраги, посебно за вакви случаи. Јас, уште еднаш напоменувам, дека сум човекот којшто го пријави овој случај. Да не биде тоа заборавено. Денеска оваа политичка гарнитура, преку извршната власт, создаде услови правосудството, Јавното обвинителство, непречено да работи, без разлика дали некој бил газда на медиум којшто ја поддржувал власта, денеска тој е во притвор. Во сите земји коишто создавале услови да владее правото, органите на прогонот да си ја вршат работата, никаде не било лесно, секаде било трауматично. И кај нас не е лесно, и е трауматично. Но, така ќе бидеме правна држава и држава којашто сите ја посакуваме.

Премиерот Заев со статус на Фејсбук…

Премиерот истакна дека на оваа позиција е дојден благодарение на народот. Тој истакна дека се бори за за демократија и за правна држава и за владеење на правото.

Дојдов благодарение на гласот на граѓаните, борејќи се и за слобода и за демократија и за правна држава и за владеење на правото и за нормална земја. Ќе се бориме до крај затоа што секој што се инволвирал, секако ќе си носи одговорност, нагласува Заев во објавата на „Фејсбук“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.