Заев не сакаше да каже дали актуелниот министер за екологија, Садула Дураку, ќе биде прв министер во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Објавил: admin@magazin | 22 мај, 2019 19:22

ЗАЕВ: „Да почекаме уште неколку дена, па да видиме дали ќе разрешиме функционери од ДУИ„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку функционери ќе бидат сменети од владата.

Заев изјави дека имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи е негов коалициски партнер на СДСМ за да му ги презентира слабостите што досега ги увиделе во партијата. Премиерот рече дека кадровските промени нема да ги коментира. Штом ќе донесе одлука, ќе ги соопшти за сите.

Заев рече дека сите коалициони партнери имаат право да ги даваат своите коментари. Ваквата рашомонијада од изјави која може да се слушне од одредени високи функционери на ДУИ на крајот ќе биде поткрепена, па ќе се види која е таа вистина за која се зборува.

Кога ќе ги дадам предлозите за промени во парламентот, Груби заедно со нивната пратеничка група ќе може да се изјасни. Затоа имав средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, за да знаат кој чекори ќе ги преземам, а во партијата да си ги разгледаат кои одлуки ќе ги донесат. Штом ќе ги донесам одлуките одма ќе ги соопштам, немам намера да лицитирам со имиња“, рече Заев коментирајќи ја изјавата на Груби кој претходно денеска порача дека ДУИ нема врска со метлата на Заев.

Премиерот не сакаше да открие дали актуелниот министер за екологија, Садула Дураку, ќе биде прв министер во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. 

На прашањето дали може да разреши функционери од ДУИ, Заев рече: „Да почекаме уште неколку дена, па да видиме“.

„Ги почитувам сите луѓе, опонетите, сите. Слабостите кога се присутни, тие се кај луѓе. Тие доаѓаат од политички партии. Ќе дојде времето, ќе видиме дека ќе бидат опфатени од сите политички субјекти“, додаде Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести